ЗА НАС

Алма ДООЕЛ Кочани е компанија за текстил и трговија, oснована од г-дин Зоран Трендов во 1999, кој сè уште е сопственик и директор на компанијата.

На површина од 20.000m2 располагаме со сопствен простор за производство од 2.500m2.

Во нашата продукциска единица се произведуваат висококвалитетни женски кошули, блузи, здолништа итн.

Паралелно соработуваме со повеќе од 20 партнери за производство, што резултира во капацитет од 60-80.000 продукти месечно (само за женски програм). 

Алма нуди CM, CMT како и висококвалитетен готов производ за мажи и жени кој вклучува: кошули, пуловери, панталони, капути, палта, мантили и многу други продукти кои што се произведуваат во Северна Македонија и Бугарија и се ценети и прифатени добро од нашите Европски клиенти.

Продукцијата ја држиме секогаш под контрола благодарение на нашето искуство во снабдување на квалитетен материјал, можноста сами да произведуваме копчиња со добар квалитет, како и држење на залиха на сите потребни додатоци за производство.

ПРОИЗВОДСТВО

Во АЛМА го разбираме производот како квалитет,услуга и доверливост,што ни дозволува градење и развивање на долготрајни деловни врски.

CM & CMT

КОНСТРУКЦИЈА, ГРАДИРАЊЕ И КРОЕЊЕ CAD

Во нашиот CAD оддел користимеLectra© софтвер за конструкција и градирање на шаблони.

Нудиме изработка на шаблони, дигитализација, градирање и изработка на мини марекри, во комбинација со нашиот Lectra© Vector 2500 автоматски катер нудиме најдобра услуга од шаблон до скроено парче.

Со 4 работни станици и повеќе од 15 години од искуство во изработка на шаблон можете да очекувате сигурност прецизност и навремена испорака.

ПРОИЗВОДСТВО

Во нашата производствена единица во Кочани која вклучува 160 вработени,можеме да ви понудиме секаков вид на висококвалитетни продукти.Нашиот машински парк е опремен според најновата технологија што ни овозможува квалитетна изработка на бараниот продукт. Благодарение на нашите многубројни производители и секојдневната контрола на квалитет можеме да произведеме секаков вид на производ. Нашите идни планови вклучуваат проширување на капацитетот на производство во нашата компанија во Кочани.

ПОМОШНИ МАТЕРИЈАЛИ, КОПЧИЊА И ОДДЕЛ ЗА ФАРБАЊЕ КОПЧИЊА

Ние продаваме материјали и додатоци за текстилната индустрија. Имаме сопствено производство и фарбара за копчиња, а држиме и залиха на додатен материјал за текстилната индустрија за брза достава.

Исто така можеме да Ви обезбедиме:

  • Конец за везење
  • Конец за шиење
  • Лепливо и нелепливо
  • Патенти
  • Патенти
    Копчиња и аксесоари

Оддел за фарбање на копчиња

Имаме внатрешен оддел за боење на копчиња кој ни овозможува да подготвиме бои за копчиња според референцата на клилентот. Боите и боењето се еколошки и строго се регулираат според државните норми.

КАТАЛОЗИ

ВЕЗЕЊЕ И ШТАМПАЊЕ НА ТЕКСТИЛ

Везење

Во согласност со Вашите потреби,дизајнираме и изработуваме различни видови на вез со највисок квалитет.Благодарение на нашите две ZSK машини со 12 игли, Вашите амблеми и идеи се реализираат за брзо време со посакуван ефект.

Печатење

Ние исто така можеме да обезбедиме печатење на готов производ или за време на производството.

Способни сме за печатење во следните техники:

  • Офсет печатење
  • Стенсил печатење
  • Сито печатење
  • Дигитална печатење

ГОТОВ ПРОИЗВОД

(ЗА БИЗНИС)

Врз основа на нашето 19 годишно искуство во работење во модната индустрија и континуираното усогласување со условите на пазарот и потребите на потрошувачите,ние можеме да Ви понудиме и готов производ кој што може да се испорача насекаде во светот. Започнувајки од дизајнирање на продуктот, набавување на материјали и додатоци, водење и контролирање на производството, па сè до испорака на саканата локација. Нашето искуство е стекнато преку долгогодишна соработка со многу познати интернационални компании и со непрекинато надоградување и усовршување на секој продукт кој што го нудиме. Нашите цели се: постигнување извонреден квалитет со разумни цени и формирање долгорочни бизнис-соработки.

Контактирајте нè

Имате прашање? Контактирајте нèпреку формата подолу.

Кликнете или повлечете датотека во ова поле за да го прикачете.